Достапни линкови

Денеска е Меѓународен ден на младите


илустрација

Специјалниот претставник на ОБСЕ за млади и безбедност Кеиси Сефери по повод денешниот Ден на младите, изјави дека среде предизвикувачките времиња на пандемијата со ковид-19, ова е поволен момент да се зајакне инклузивниот ангажман на младите за глобална акција во корист на сеопфатна безбедност.

Не постои комуникација меѓу младите прилепчани и Општината

Истакнувајќи ја потребата од конкретни чекори од владите, парламентите и меѓународните организации за вклучување на младите како дел од одговорот на глобалните предизвици, Сефери вели: „Оваа година меѓународниот ден на младите е под мотото „Ангажман на младите за глобална акција“. Веќе зголемената улога на младите како актери на промени треба да го унапреди влијанието на нивните активности во зајакнувањето на демократијата и почитувањето на човековите права и основните слободи, во заштитата на животната средина и во борбата против сиромаштијата.

По полнолетство - Самостојни или со мама и тато?

Таа ги повика државите учеснички и заедницата на ОБСЕ како целина да ги максимизираат напорите за промовирање инклузивен дух на одлучување.

XS
SM
MD
LG