Достапни линкови

Состанок на Комисијата за заразни болести и МОН за протоколите за наставата


илустрација

За денеска е презакажан состанокот, што вчера требаше да го продолжат Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството образование и наука, во врска со протоколите со кои се утврдува начинот на реализација на наставата од 1 септември за сите предложени модели. Иако беше најавувано дека на 10 август ќе бидат финализирани протоколите за почеток на учебната 2020/2021 во услови на пандемија досега не дојде до тоа.

Филипче – Став на Комисијата е онлајн настава, освен за првачињата

Министерството за здравство информираше дека разговорите продолжуваат со цел да се изнајде и договори најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата и дека финалната одлука за начинот на одвивање на наставата ќе ја има МОН.

XS
SM
MD
LG