Достапни линкови

Главен извор на нови инфекции со ковид -19 во Словенија се младите


Бројот на новозаразени со коронавирус во Словенија значително се намали од пред две недели, изјави денеска портпаролот на словенечката влада Јелко Кацин, но ги предупреди словенечките туристи да бидат внимателни кога престојуваат во странство.

„Епидемиолошките податоци за Словенија беа многу добри во последните денови и значително подобри од пред две недели. Словенија е во зелена зона и многу безбедна дестинација“, рече Кацин на владината прес-конференција во Љубљана.

Тој додаде дека според последните податоци, Словенија има осум заразени на 100.000 жители во последните 14 дена, што според критериумите донесени од владата за времетраењето на епидемијата ја рангира во најбезбедната „зелена“ зона.

Според Кацин, главниот извор на нови инфекции е дружење без заштитни маски и непридржување кон епидемиолошки мерки меѓу младите, како во земјата така и во странство. Младите многу малку обрнуваат внимание на нивното здравје, а со оглед на тоа што имаат благи или никакви симптоми на ковид-19, тие претставуваат ризик од ширење на инфекцијата, особено за нивните семејства и постарите лица.

Стојанов - Младите кои ќе завршат на респиратор имаат големи проблеми

„Основно прашање е нивната одговорност за здравјето, тие мора да бидат свесни за последиците од нивните постапки и ширењето на инфекцијата на најранливите“, рече Кацин.

XS
SM
MD
LG