Достапни линкови

Албанија и Италија потпишаа договор за санирање на последиците од земјотресот


Донаторска конференција за Албанија.

Во Тирана денеска е потпишан договор со италијанската Влада за да се материјализира обврската што Италија ја презеде на Меѓународната конференција на донатори за санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември минатата година.

Италија ќе ѝ обезбеди на Албанија 95 милиони евра, од кои пет милиони евра грант за реконструкција на јавни згради.

На донаторска конференција што под мотото „Заедно за Албанија“ се одржа во Брисел на 17 февруари, беа собрани над 1,15 милијарди евра, дел како грант, а дел поволни кредити.

Со пари од ЕУ ќе се градат и реконструираат 22 училишта во Албанија

Во земјотресот во Албанија на 26 ноември загинаа 52 луѓе, а над 2000 беа повредени. Албанија на 26 ноември, беше погодена од силен земјотрес од 6,4 степени, што однесе 52 жртви, а над две илјади луѓе беа повредени. Во земјотресот, кој ги погоди крајбрежните делови на Албанија, беа уништени многу објекти.

XS
SM
MD
LG