Достапни линкови

Во Бејрут има над 20 потенцијално опасни контејнери


Пристаништето во Бејрут по експлозијата

Хемиски експерти и пожарникари работат на обезбедување на најмалку 20 потенцијално опасни контејнери со хемикалии во пристаништето во Бејрут, уништено во експлозија, откако откриле дека еден истекува, изјавил за АП, членот на францускиот тим, поручник Ентони. Овој француски експерт за хемикалии, како што појаснува АП, нема надлежност да го каже своето полно име во согласност со владината политика.

„Некои контејнери биле оштетени во смртоносна експлозија што ги потресе пристаништето и либанската престолнина на 4 август“, изјави поручникот Ентони.

„Забележавме контејнери со етикета за хемиска опасност и тогаш видовме дека еден од контејнерите протекува“, објасни тој во интервју за Асошиејтед Прес.

XS
SM
MD
LG