Достапни линкови

Регистрирани 392 прекршоци за неносење заштитна маска


Илустрација

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во последните 24 часа се затекнати 392 лица без заштитна маска за лице на места на кои оваа анти-корона мерка е задолжителна.

„Во текот на изминатото деноноќие (10/11.08.2020 година) на територијата на земјава по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 392 прекршоци“, стои во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.

XS
SM
MD
LG