Достапни линкови

СДСМ вели ќе направи Влада, нови избори за Заев не се решение


Зоран Заев

Во процес сме на создавање нова Влада ослободенa од каков било вид национализам, соопштија денеска од СДСМ и додаваат дека продолжуваат со разговори за создавање стабилно парламентарно мнозинство со полн четиригодишен мандат.

„СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат. На 15 јули граѓаните покажаа дека национализмот е поразен. Во тек е процес на создавање нова Влада ослободенa од каков било вид на национализам, Влада која уште повеќе ќе работи на унапредување на концептот едно општество за сите“, велат од СДСМ.

Лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, синоќа, по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека нови избори не го решаваат проблемите.

„Таман работа да останеме без Влада. Не ни теба тоа. Нови избори не ги решаваат работите. Ќе ги повториме резултатите. Влада треба да се формира“, изјави Заев.

XS
SM
MD
LG