Достапни линкови

Заврши средбата меѓу Ахмети и Заев, нема договор за влада


Архивска фотографија - Средба на премиерот Зоран Заев и на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Во Собранието денеска попладне се одржа средба меѓу лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети, како дел од преговорите за формирање на владино мнозинство, но како што изјавија лидерите договор вечерва не бил постигнат.

Тие најавија дека разговорите ќе продолжат и во наредните денови.

„Жалам што не можеме денеска да соопштиме дека има договор помеѓу двете страни со коишто разговаравме. Логично разговорите ќе продолжат следните денови и верувам штом имаме било каков исчекор кој што ќе можеме да го споделиме со граѓаните, веднаш тоа ќе го направиме преку вас медиумите“, изјави Заев по средбата, пренесува МИА.

Заев и вечерва повтори дека повикот на Ахмети за средба со лидерите на сите политички партии од албанскиот блок ја разбира како притисок врз СДСМ. Заев истакна дека и претставниците на останатите етнички заедници можат да го направат истото.

Денеска претходно лидерот на ДУИ Ахмети ги покани на заедничка средба лидерите на партиите од албанскиот политички блок, потег за кој Заев оцени дека претставува притисок врз него и коалицијата предводена од СДСМ.

„Го гледам ова како притисок врз мене, СДСМ и Коалицијата „Можеме“, за премиер по предлог на ДУИ“, изјави Заев.

Можна ли е влада без Зоран Заев?

Денеска претседателот на ДУИ, Ахмети, ги покани претседателите на албанските партии на средба на 13 август, денот на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Ахмети ги кани на средба лидерите на албанските партии

Лидерот на социјалдемократите рече дека е прерано да се каже дали ако се постигне договор меѓу албанските партии, тоа би влијаело врз формирање на мнозинството кое СДСМ го планира.

XS
SM
MD
LG