Достапни линкови

Нови 109 случаи на Ковид -19 од 762 тестирања


Илустративна фотографија - тестирање на Ковид-19.

Во последните 24 часа регистрирани се 109 нови случаи на заразени од коронавирус од направени 762 тестирања, додека истовремено регистрирани се 422 оздравени пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство. Според инфорамциите на институцијата почината е една пациентка од Скопје во болнички услови.

Од новозаразените најмногу се во Скопје 20, потоа следуваат Куманово со 16, Штип 13, Кавадарци 15, Гостивар 10, Свети Николе 5...

Досега во Северна Македонија се направени 115.590 тестирања на Ковид -19, а вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот не епидемијата изнесува 11.942, оздравени се 8.087 пациенти, починати се 528 лица, додека бројот на активни случаи во моментов е 3.327.

XS
SM
MD
LG