Достапни линкови

Приведено лицето кое нападна новинарка на РСЕ во Софија


Од антивладините протести во Софија, јули 2020.

Лицето кое беше снимено како напаѓа дописник на Радио Слободна Европа на митингот за владејачката партија во Бугарија ГЕРБ во Софија е приведено и обвинето за хулиганство откако призна дека е платен провокатор. Канцеларијата на Обвинителството во Софија соопшти дека 20-годишниот маж се гони за фрлање на телефонот на новинарката на РСЕ Полина Паунова. Обвинителите соопштија дека тој го признал делото и дека целосно соработувал со полицијата. Друг 22-годишен маж, кој беше присутен за време на нападот, беше приведен, а подоцна беше ослободен. Полицијата сослуша и еден 66-годишник кој може да се види на снимките како ја навредува Паунова.

Подготвен сум да си заминам, изјави Бојко Борисов

Инцидентот се случи на митингот на партијата на ГЕРБ на 5 август, на кој присуствуваше премиерот Бојко Борисов, кој е под притисок на неколкунеделните антивладини протести. Демонстрантите, исто така, беа на настанот на партијата ГЕРБ, барајќи оставка на третиот кабинет на Борисов и на главниот обвинител на владата, Иван Гешев. Обвинителите рекоа дека 20-годишниот маж тврди оти „лицата вклучени во организирањето на протестите му ветиле пари доколку испровоцира и спроведе провокативни дејствија против учесниците“ на настанот што се одржа во Софија.

XS
SM
MD
LG