Достапни линкови

На паркинг во Ново Лисиче едно возило изгоре, две се делумно опожарени


На паркинг во скопската населба Ново Лисиче, утрово беа запалени неколку автомобили. Како што можеше да се види од видео објавено на социјалните мрежи, жителите од околните згради се собраат да го гаснат пожарот, а некои и си ги преместуваат своите возила, за да не ги зафати огнот и нив.

Од МВР соопштија дека едно возило изгорело, а други две биле делумно опожарени. Пожарот е изгаснат, а во несреќата нема повредени.

„ На булеварот АСНОМ, на паркинг констатирано е дека целосно е опожарено возило марка „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблици, сопственост на М.Ј. (35) од Скопје и делумно опожарени две возило марка „фиат пунто“ сопственост на И.Н. (41) од Скопје и возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици сопственост на К.С. (73) од Скопје. Пожарот беше изгаснат од Противпожарната бригада, повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

XS
SM
MD
LG