Достапни линкови

Нови 200 случаи на ковид 19 во последните 24 часа


Во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на ковид-19. Најголем број од новите случаи се во Скопје (65), а најмалку заразени (по еден) има во Неготино, Крива Паланка и Струмица.

Починати се 4 лица, пациент од Скопје (70г.), пациент од Гостивар (58г.), пациент од Куманово (51г.) и пациент од Македонски Брод (66г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 113619 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11754, бројката на оздравени пациенти е 7622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3609.

XS
SM
MD
LG