Достапни линкови

Над 270 илјади нови случаи на ковид 19 во светот


Во последните 24 часа во светот се регистрирани вкупно 278.291 нови случаи на коронавирус, а починале 6.815 лица, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Според податоците за петок, во светот досега се потврдени 18,9 милиони случаи, а повеќе од 709 илјади починале.Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци објавени од земјите.

Најголем број случаи има во САД, Бразил, Индија, Русија, Јужна Африка, Мексико, Перу, Чиле, Колумбија и Иран.

XS
SM
MD
LG