Достапни линкови

Макрон: во наредните денови донаторска конференција за Либан


Францускиот претседател Емануел Макрон во Бејрут, 06.08.2020.

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека во наредните неколку дена ќе се одржи донаторска конференција за Либан за да се соберат средства за закрепнување на Бејрут од смртоносната експлозија што разурна голем дел од градот. Макрон рече дека Франција ќе организира конференција со донатори од Европа, САД, Блискиот исток за да соберат пари за храна, лекови, поправки и сместување на настраданите.

Пристаништето во Бејрут пред и по експлозиите

Тој вети транспарентност за да се осигури дека помошта ќе оди директно до населението и до хуманитарните организации. Жителите на Либан ги обвинуваат своите корумпирани водачи за лошото справување по експлозијата што се случи во вторникот во пристаништето во Бејрут. Експлозијата, која го потресе целиот главен град на Либан и се почувствува дури и во Кипар, уби повеќе од 130 луѓе, повреди илјадници, а десетици илјади останаа без домови. По распадот на Османлиската Империја, Франција управуваше со Либан како протекторат помеѓу двете светски војни и врските меѓу двете земји остануваат блиски.

XS
SM
MD
LG