Достапни линкови

Протести против поскапувањето на струјата


На плоштадот во Тетово се собраа граѓани за да протестираат поради поскапување на струјата

Во Скопје и во неколку градови во земјава се собраа граѓани за да протестираат поради поскапување на струјата. Протести имаше во скопски Чаир и пред Владата, наплоштадот Илирија во Тетово, пред општината во Куманово, пред седиштето на ЕВН во Гостивар, и пред наплатниот пункт на ЕВН во Дебар.

На градскиот плоштад во Тетово се собраа голем број граѓани. Претставник на организацискиот одбор ги прочита барањата.

„Прво регулаторната комисија веднаш да ја став вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 20 отсто. Второ, Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН и да стави крај на нечовечкото однесување кон потрошувачите. Собранието да ја укине Регулаторна комисија бидејќи служи само за апетитите на бизнис групациите кои сериозно го оштетуваат семејниот буџет на сиромашните граѓани. Последно четврто барање е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе адресира поплаките на граѓаните на ваквите корпоративни рекетарски компании“, истакна претставникот на организацискиот одбор.

И Дебрани и Гостиварци испорачаа исти барања. Во двата града протестите ги организираа навивачки групи.

Граѓаните годишно добија една сметка за струја повеќе

Барањата се испратени до Регулаторната комисија, Парламентот, Владата и до компанијата ЕВН. Тие имаат десет дена да ги исполнат барањата.

Регулаторната комисија донесе одлука струјата за домаќинствата да поскапи за 7,4 отсто.

XS
SM
MD
LG