Настаните на денот низ фотографии - 6 август 2020 година.
Политика и видео игри

1
САД - Социјалната мрежа Твитер му забрани на изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи да испраќа пораки на Твитер од својата сметка (TeamTrump) сè додека не го повлече видеото во кое претседателот уверува дека децата не можат да бидат заразени со коронавирусот.

2
МАКЕДОНИЈА - Денеска стартуваа официјални преговори меѓу лидерите на ДУИ, Али Ахмети и на СДСМ, Зоран Заев, потврдува портпаролот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи за ТВ 21. Тој информираше за средбата меѓу Ахмети и Заев, која ја нарече конструктивна и надежна за успешен епилог, но не и одлучувачка за таков епилог. За време на денешниот состанок најмногу се разговарало за враќање на изгубената доверба за време на изборната кампања.

3
МАКЕДОНИЈА - Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 113 случаи на коронавирус во Македонија, а шестмина луѓе починаа, информира Министерството за здравство. Направени биле 1543 тестирања.

4
ПОЛСКА - Полскиот популистички претседател Анджеј Дуда положи свечена заклетва на почетокот на неговиот втор мандат. Повеќето опозициски пратеници, како и поранешни претседатели и премиери на Полска, ја бојкотираа церемонијата во Парламентот. Дел од опозициските пратеници кои присуствуваа на церемонијата носеа ЛГБТ знамиња во бои на виножитото во знак на протест против Дуда.