Достапни линкови

Спречен шверц на 200 килограми марихуана на граничниот премин „Блато“


Спречен е шверц на 200 килограми марихуана на граничниот премин „Блато“ на албанско – македонската граница кај Дебар. Во соопштението на Полицискиот комесаријат од Пешкопеја се наведува дека дрогата е откриена во возило со албански сообрајќајни ознаки и со лого на производител на мебел,

„Наркотичното средство било наменето за нарко пазарот во Северна Македонија“, стои во соопштението.

Балканска мафија со политичка поддршка

Според полицијата, успешната акција е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога, како и спречување на какви било меѓугранични криминални дејствија.

Ова е најголема количина дрога запленета на двете страни од овој граничен премин.


XS
SM
MD
LG