Достапни линкови

Во Србија ќе се зголеми бројот на лаборатории за тестирање на коронавирус


Болница во Белград.

Српската Влада на денешната седница донесе одлука да ги утврди сите лаборатории кои се квалификувани за спроведување на тестови за коронавирус, односно вклучување на ветеринарните институти во лабораториско тестирање, соопшти од Владата.

Од српската влада соопштуваат дека се одлучиле да го зголемат бројот на лаборатории во кои ќе се тестира за ковид-19, оти здравствениот систем треба да се обезбеди пред претстојниот есенски период.

Расте бројот на заразени од коронавирус на Балканот

Се работи за лаборатории на здравствените установи и сите микробиолошки лаборатории во јавна сопственост, кои вршат активности од областа на здравјето на животните, безбедност на храната, контрола на квалитетот и безбедноста на млекото и тестирањето на забранети, недозволени, штетни и непожелни материи во храната и во добиточната храна, здравјето на растенијата, семето и садниот материјал и банките за растителни гени, се вели во владиното соопштение за медиумите.

XS
SM
MD
LG