Достапни линкови

Макрон сака да организира меѓународна помош за Либан


Поглед на разурнатото пристаниште во Бејрут

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, по доаѓањето во Бејрут, рече дека сака да организира меѓународна помош за Либан по разорната експлозија во бејрутското пристаниште од пред два дена, истовремено повикувајќи ги либанските лидери да не чекаат со реформите.

„Ќе помогнеме наредните денови да се организира дополнителна помош на француско и на европско ниво“, рече Макрон, кого по доаѓањето во Либан го пречека претседателот Мишел Аун.

Макрон е прв странски шеф на држава кој дојде во Либан по експлозијата во која досега загинаа 137 луѓе, а 5 илјади се повредени.

„Денеска приоритет е помошта, безусловна помош за народот. Но, има барања кои Франција ги бара со месеци, со години, неопходни реформи во одредени сектори“, рече Макрон, конкретно наведувајќи го секторот електрична енергија.

Тој рече дека Либан ќе продолжи да пропаѓа ако не се спроведат тие реформи.

XS
SM
MD
LG