Достапни линкови

Селанец загина во престрелка меѓу таџикистански и киргистански граничари


Селанец во Таџикистан загина во прекуграничен инцидент на таџикистанско-киргистанската граница. Киргистански граничар е ранет во прекуграничната престрелка што се случила утринава.

Таџикистанската гранична служба соопшти дека еден 65-годишен селанец бил убиен од истрели кои дошле од другата страна на границата.

Во меѓувреме, киргистанската гранична служба соопшти дека еден нивен граничар бил ранет од „непознати поединци“ од таџикистанската страна на границата.

Претставници на двете земји подоцна соопштија дека тензиите се ставени под контрола.

Гранични инциденти меѓу Таџикистан и Киргистан се случуваат со години, а двете земји меѓусебно се обвинуваат за ескалација на ситуацијата.

Кон крајот на мај, неколку луѓе на двете страни беа ранети во прекугранични судири меѓу двете земји.

Многу делови од границите меѓу поранешните советски републики во Централна Азија се спорни уште од распадот на СССР во 1991 година.

Во пограничните престрелки често учествуваат граничните служби и локалните селани.

XS
SM
MD
LG