Достапни линкови

Се запали болница во Индија, настрадаа осум заболени од коронавирус


Илустрација

Во пожар кој изби утринава во болница во западна Индија настрадаа осуммина пациенти заболени од коронавирус, соопштија властите.

Пожарот во единицата за интензивна нега во болницата Шреј во Ахмедабад бил изгаснат за половина час, а 35 пациенти се префрлени во други болници.

Претставник на индиската држава Гуџарат изјави дека се чини оти пожарот бил предизвикан од краток спој. Еден болничар добил изгореници додека се обидувал да ги изгасне пожарот.

XS
SM
MD
LG