Достапни линкови

75 години од атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки


Комеморациите оваа година во Хирошима ќе бидат ограничени поради пандемијата

Денеска се навршуваат 75 години откако САД го започнаа првиот напад со атомска бомба во светот врз градот Хирошима. Овој напад три дена подоцна беше проследен со втор врз Нагасаки. Во 8:15 часот на 6 август 1945 година, од американскиот воен авион од типот Б-29 наречен Enola Gay беше фрлена бомбата "Little Boy" врз ослободи југозападниот јапонски град Хирошима, убивајќи 140.000 од проценетата популација од 350.000 жители. Илјадници други починаа подоцна од повредите и од болестите поврзани со зрачењето.

Папата Франциск повика на уништување на нуклеарното оружје

На 9 август, Соединетите држави фрлија друга бомба, "Fat Man" врз Нагасаки, убивајќи над 75.000 луѓе. Јапонија се предаде шест дена подоцна, со што заврши Втората светска војна. Во претходните години, јапонскиот премиер Шинзо Абе и градоначалниците присуствуваа на годишните меморијални церемонии и ги обновуваа ветувањата за свет без нуклеарно оружје. Комеморациите оваа година ќе бидат ограничени како резултат на пандемијата на ковид-19 и ќе бидат проследени со видео пораки од државниците.

XS
SM
MD
LG