Достапни линкови

Со поскапа струја ќе се богати приватна компанија, обвини Мицкоски


Илустрација

Покачувањето на цената на електричаната енергија е чекор со кој се овозможува екстра профит на приватна компанија за сметка на тонењето на државна компанија чии загуби се плаќаат од џебот на граѓаните, обвини денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него, поскапата струја е нешто што Владата на СДСМ не го ветила, но го остварила.

„Во кратки црти, покачувањето на цената на електричаната енергија е чекор со кој се овозможува екстра профит на приватна компанија за сметка на тонењето на државна компанија чии загуби се плаќаат од џебот на граѓаните. Втората причина е поради големите и масовни партиски вработувања пред изборите со што се зголемија драматично цените за вработените во компаниите кои што се во државна сопственост како што се МЕПСО, МЕМО, поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ и третата суштинска работа е пред изборите во насока на поткуп на гласови само во поранешно ЕЛЕМ сегашно ЕСМ беа исплатени под превезот на К15, тринаесетта плата, репер за годишен одмор по 26.000 денари по вработен. Сето ова недомаќинско работење, сите овие погрешни политики предизборно, денеска ќе ги чинат граѓаните повисока сметка за 7,4 отсто“, рече Мицкоски.

Регулаторната комисија за енергетика пред неколку дена донесе одлука за поскапување на струјата за 7,4 отсто. Барањето за поскапување, како што рекоа од РКЕ, било од енергетските компании во земјата кои трпеле загуби поради кризата со пандемијата.

XS
SM
MD
LG