Достапни линкови

Откриено потеклото на камењата во опсерваторијата Стоунхенџ


Потеклото на џиновските камења сарсен во Стоунхенџ, Велика Британија, е конечно утврдено со помош на исчезнат дел, што беше вратен по 60 години.

Резултатите од испитувањето на јадрото на камениот блок, долг еден метар, се совпаднаа со наодите од геохемиското истражување на исправени мегалити.

Археолозите утврдија дека карпите доаѓаат од област 25 километри северно од Стоунхенџ, во близина на Марлборо, во јужниот дел на земјата.

Сузан Грини од организацијата „Инглиш херитиџ“, која се грижи за Стоунхенџ и останатите историски споменици и локалитети, истакна дека се многу возбудени поради откритието.

Централниот круг на Стоунхенџ се состои од сарсени високи седум метри, а тежат околу 20 тони, распоредени во форма на потковица.

XS
SM
MD
LG