Достапни линкови

МЗ: Продолжува трендот на помалку корона позитивни


Илустрација

Министерството за здравство информира дека R0 факторот на преносливост на вирусот покажува позитивен тренд на намалување, кој изнесува 0,9, а во континуитет речиси еден месец е околу 1.

„Продолжува и трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи и значително зголемување на бројот на оздравени лица, во однос на претходната недела, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје објавен денеска за периодот од 27 јули до 2 август“, соопшти МЗ.

Институтот за јавно здравје известува дека во дадениот период се направени вкупно 9.709 тестирања (146 повеќе од периодот 20 – 26 јули) и регистрирани се 912 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 4,6 отсто помалку од претходната недела. Во периодот 27 јули – 2 август се регистрирани 1.032 оздравени лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 378 лица или 36,6 отсто повеќе од претходната недела на известување (20 – 26 јули).

„Во периодот 27 јули до 2 август се регистрирани 29 смртни случаи, што е намалување од 14,7 проценти, во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите се лица над 60 години – 75,9 отсто. Во болнички услови се починати 24 од случаите, а пет вонболнички. Кај 23 од смртните случаи (79,3 отсто) се регистрирани претходни коморбидитети“, соопшти МЗ.

XS
SM
MD
LG