Достапни линкови

Бурата Исајас на источниот брег на САД, четворица мртви


тропската бура Исајас на источниот брег на Соединетите држави

Најмалку четири лица загинаа во тропската бура Исајас на источниот брег на Соединетите држави, јавуваат новинските агенции, наведувајќи дека две лица загинаа кога торнадо удри во една населба во Северна Каролина. Локалните власти соопштија дека уште две лица загинале во Мериленд и Њујорк кога дрвја паднале врз нивните возила. Националната временска служба потврди дека торнадото имало во Вирџинија, Мериленд, Делавер и Њу Џерси.

Трамп откажа преизборен митинг поради невреме

Невремето се заканува да предизвика поплави, додека 1,4 милиони луѓе од Северна Каролина до Њујорк останаа без електрична енергија. Предупредувањата за тропско невреме се на сила од Северна Каролина до Мејн. Непосредно пред полноќ, Исајас, како ураган, ја погоди Северна Каролина, каде што кампингот во градот Виндзор бил уништен. Исто така, невремето предизвика поплави и пожари во таа држава, поради што десетици луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

XS
SM
MD
LG