Настаните на денот низ фотографии - 4 август 2020 година.
Мандати, моторџии, мигранти, милитанти...

1
МАКЕДОНИЈА / ГРЦИЈА - МВР соопшти дека до граничните служби на граничните премини Стар Дојран и Меџитлија, од страна на грчката гранична служба од граничните премини Дојрани и Ники, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.08.2020 година.

2
МАКЕДОНИЈА - Во Собранието на Северна Македонија денеска беа верифицирани мандатите на 120 пратеници од новиот парламентарен состав кои доаѓаат од три коалиции. Седницата се одржа во свечената сала Купола, со строги здравствени протоколи за заштита од Ковид-19 и со рачно гласање.

3
МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19, петмина починати пациенти и и 136 оздравени.

4
РУСИЈА - Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев рече дека мигрантите во Русија вршат повеќе кривични дела во услови на масовна невработеност поради пандемијата на коронавирус. Медведев на состанокот на Советот за безбедност изјави дека околу 40 проценти од мигрантите во Русија ги загубиле своите работни места за време на пандемијата.