Достапни линкови

Две силни експлозии го погодија Бејрут


Силната експлозија во Бејрут

Две силни експлозии го потреса главниот град на Либан, Бејрут, јавуваат светските новински агенции. Засега е познато дека има стотици жртви по експлизијата, соопшти официјалниот претставник на Црвениот крст Џорџ Кетенех, пренесе новинската агенција АП. Стотици повредени се носат во најблиските болници на лекување, но и многумина други се уште се заробени во урнатините од нивните домови. Причинета е и голема материјална штета. Експлозијата одекна во пристанишниот дел на градот, а на видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи се забележуваат луѓе ранети кои лежат на земја и чекаат помош и две една по друга силни експлозии. Сè уште не е позната причината за разорната експлозија.

XS
SM
MD
LG