Достапни линкови

Вооружен напад на затвор во Авганистан


Илустрација

При напад на затвор во Авганистан загинаа неколкумина и десетици други се ранети. Станува збор за експлозија на автомобил бомба кој бил паркиран пред затворот, во источниот дел на Нангахар. По експлозијата вооружена група продолжила со нападот отварајќи оган при што влегле и во затворкиот објект. Според информациите на новинската агенција Асошиетет Прес најмалку три лица загинале, а 24 се ранети, а некои затвореници побегнале. Надлежните информираат дека во тој дел се уште се водат борби и дека е можно бројот на жртви да се зголеми.

XS
SM
MD
LG