Достапни линкови

И косовскиот вицепремиер позитивен на Ковид-19


Илустрација

По косовскиот премиер Авдулах Хоти, денеска и неговиот заменик, вицепремиерот Дритон Селманај, информира дека резултирал позитивен на тестот што го извршил за Ковид-19, јави МИА од Приштина. Веста ја објави самиот Селаманај преку својата страница на Фејсбук, наведувајќи дека денешните резултати од вчерашното тестирање покажале оти е асимптоматичен.

„Вчера го направив тестот за Ковид-19 и денеска ме информираа дека сум резултирал позитивен. Здравствените специјалисти ми велат дека сум асимптоматичен. Од моментот на тестирање сум во изолација и вака сум принуден да останам и во наредните две недели“, напиша Селманај, додавајќи дека должноста ќе ја извршува од својот дом.

Пред два дена, на 2 август, премиерот Хоти објави дека тестирањето кое го извршил дента покажало оти е носител на новиот коронавирус. Тој наведе дека нема видливи симптоми, освен лесна кашлица, и дека премиерските обврски во наредните две недели ќе ги извршува од својот дом, каде што ќе биде во изолација

XS
SM
MD
LG