Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ доби повеќе простор за изборна реклама


Архивска фотографија - Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денеска го обвини СДСМ за, како што рече, „лукративни договори“ со кои социјал демократите добиле двојно повеќе простор за рекламирање на изборите од нив“.

„Агенцијата за медиуми го објави извештајот за платено политичко рекламирање, каде што може јасно да се забележи соодносот на рекламирањето помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, при што е 2 наспроти 1, односно двојно повеќе простор доби СДСМ за платено политичко рекламирање на овие избори. На што се должи ова?“, обвини Арсовски.

XS
SM
MD
LG