Достапни линкови

И овој месец етапна исплата на социјална помош и детска заштита


Илустрација - Луѓе со заштитни маски во Скопје

Министерството за труд и социјална политика информира дека и овој месец исплатата на паричните права од социјална и детска заштита ќе се врши етапно.

„Почнувајќи од денес, 04 август, се врши етапна исплата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок“, соопшти МТСП.

За да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид19, исплатата се спроведува во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

– 4 август (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

– 5 август (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

– 6 август (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денес, 04 август.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива носот и устата и да одржуваат физичко растојание.

XS
SM
MD
LG