Достапни линкови

Поранешниот крал на Шпанија Хуан Карлос ја напушта земјата поради финансиски скандал


Хуан Карлос Први

Поранешниот крал на Шпанија Хуан Карлос Први изјави дека ја напушта Шпанија и ќе живее во друга земја поради финансискиот скандал во кој се најде. Писмо од Хуан Карлос до неговиот син, кралот Фелипе VI, беше објавено на веб-страницата на шпанското кралско семејство. Откако Врховниот суд на Шпанија ја отвори истрагата оваа година, шпанските медиуми објавуваат сведочења од посебната истрага во Швајцарија, за милиони евра што Хуан Карлос наводно му ги дал на починатиот крал на Саудиска Арабија, Абдула.

Шпанскиот крал Хуан Карлос абдицира

Хуан Карлос тогаш, наводно, префрлил голем дел од тие пари на поранешен пријател, за кој иследниците сметаат дека е можен обид да се сокријат парите од властите. Поранешниот 82-годишен крал е заслужен за обновата на демократијата во Шпанија по смртта на фашистичкoт диктатор Франциско Франко во 1975 година. Тој абдицираше во корист на својот син во 2014 година, по скандалите што ги одбележаа последните години од неговото владеење.

XS
SM
MD
LG