Достапни линкови

Расте бројката на загинати во борбите во затвор во Авганистан


Затворот во покраината Нангахар

Авганистанските власти соопштија дека 29 лица се убиени по бомбашкиот напад и престрелката во големиот затвор во источната провинција Нангархар, каде безбедносните сили продолжуваат со потрагата по дополнителни осомничени. Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, кој започна синоќа, а продолжи и денеска и во кој, наводно, учествуваат најмалку осум вооружени лица.

„Досега се убиени 29 лица во инцидентот - вклучувајќи цивили, безбедносни сили и затвореници - и повеќе од 50 други се повредени“, соопштија локалните власти.

Борби околу затвор во Авганистан, над 20 загинати

Во затворот има околу 1.500 затвореници, од кои неколку стотици се членови на Исламската држава. Нападот се случи еден ден откако авганистанските разузнавачки информации соопштија дека специјалните сили убиле еден од командантите на филијалата на Исламската држава во близина на Џалалабад. Талибанците во петокот најавија тридневен прекин на огнот во Авганистан, поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

XS
SM
MD
LG