Достапни линкови

Коронавирус во фарми за куни во Шпанија и Холандија


илустрација

Научниците испитуваат дали куните можат да го пренесат коронавирусот на луѓето и како тие се заразиле на фармите во Шпанија и Холандија. Во меѓувреме, холандските власти убиле повеќе од милион куни на фармите за одгледување како претпазливост. Според Агенцијата за храна и безбедност на потрошувачите, повеќе од 1,1 милиони куни биле убиени на 26 холандски фарми каде се случила епидемијата. Иако сè уште не е докажано, се претпоставува дека коронавирусот потекнува од животни, односно лилјаци.

Коронавирусот и животните: не се само лилјаците

Вирусот претходно е потврден во некои други животни, мачки, тигри и кучиња, но не е докажано дека тие можат да го пренесат на луѓето. Се претпоставува дека куната се заразила од инфицирани работници. Научниците сега сакаат да докажат дали тоа било случај и колку опасна би можела да биде ситуацијата. Научниците претпоставуваат дека е можно вирусот повторно да се пренесе од куна на луѓето и тие претпоставуваат дека неколку работници на фарми се заразиле така.

XS
SM
MD
LG