Достапни линкови

Напад на камп за раселени во Камерун


Најмалку 13 луѓе загинаа, а неколку други се повредени при гранатирање на камп за раселени лица во Камерун. Локалните власти за нападот ја обвинуваат исламистичката група Боко Харам.

Неидентификувани лица фрлиле гранати врз група луѓе во камп на границата на Камерун со Нигерија, соопштија локалните власти.

Радикалните милитанти на Боко Харам се обидоа да воспостават исламски калифат во западна Африка во изминатата деценија, при што загинаа многу луѓе. Во борбите загинаа најмалку 30 илјади луѓе, а многу луѓе се раселени во Нигерија, Камерун, како и во соседните Чад и Нигер.

XS
SM
MD
LG