Достапни линкови

Бројот на новозаболени од ковид-19 под 10 отсто


Луѓе со заштитни маски поради ковид-19 на Камени мост во Скопје

Бројот на новозаразени лица од ковид -19 падна под 10 отсто. Според податоците од вчера на Министерството за здравство, од направени 1621 тестови регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 или околу 8,5 отсто, од нив најмногу се во Скопје – 47 новозаболени.

Во земјава во моментов активни се вкупно 3.700 случаи на ковид-19, од нив најмногу случаи се регистрирани исто така во Скопје 1426, од кои активни случаи по општини најмногу има во Чаир-168, Аеродром со 161 и Кисела Вода со 158.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891,бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493.

XS
SM
MD
LG