Достапни линкови

Сончево и топло, температура до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневната температура ќе се движи од 26 до 36 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Дневната температура ќе достигне до 33 степени.

XS
SM
MD
LG