Достапни линкови

Молдавец призна вина за кражба на половина милијарда долари


Молдавец призна вина за завера и други обвиненија во врска со група која извршила компјутерски криминал тежок 568 милиони долари, ширум светот. Валеријан Чиочиу (30г.) денеска призна вика пред американскиот суд во Невада, соопшти американското Министерство за правда. Пред еден месец, коосновачот и администратор на Инфрауд организацијата, Русинот Сергеј Медведев исто така призна вина.

Организацијата Инфрауд, која работела под слоганот „Во измамата веруваме“ (In Fraud We Trust), таргетирала граѓани, трговци и банки во САД и во други земји во светот, соопшти Министерството за правда.

Се верува дека за седум години, организацијата со скоро 11 илјади членови, таргетирала 4,3 милиони кредитни и дебитни картички и банкарски сметки.

Криминалната организација беше растурена во 2018 година, но дотогаш украле повеќе од половина милијарда долари.

Според обвинението, Организацијата Инфрауд била формирана во 2010 година од Медведев и Свајатослав Бондаренко (34г.) од Украина со посебен фокус на купување производи со информации од фалсификувани или крадени кредитни картички. Бондаренко се уште е во бегство.

XS
SM
MD
LG