Достапни линкови

Нови 138 случаи на коронавирус, почина 27-годишник од Битола


Илустрација

Во изминатото деноноќие се регистрирани 138 нови случаи на коронавирус во Македонија, а седум луѓе починале, информира Министерството за здравство. Направени биле 1621 тестови. Во истиот период има 144 оздравени. Најмногу нови случаи има во Скопје, Куманово, Штип, Гостивар и Дебар.

Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891,бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3700.

XS
SM
MD
LG