Достапни линкови

Македонските државјани не може во Грција барем до 15 август


Илустрација: Плажа во Грција

Од денеска стапи во сила новата одлука на грчката Влада за продолжување на прекинот на поврзувањата со С. Македонија, што важи до 15 август 2020 година, а Агенцијата за цивилно воздухопловство издаде упатства за прекинот на воздушниот сообраќај, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако вчера попладне заменик - министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас соопшти дека се продолжува до 15 август 2020 година прекинот на авионските и морските поврзувања на Грција со С. Македонија, Албанија и Турција и мерките што се однесуваат на копнените граници, во Службен весник, веќе е објавена новата министерска одлука.

Одлуката потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство, е „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот на грчка територија за временскиот период од 1 август 2020 година до 15 август 2020 година.

Забраната не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој или живеат во Грција, како и за транспорт на стоки, за влез на лица за апсолутно неопходни професионални причини, но и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

XS
SM
MD
LG