Достапни линкови

Мексико на трето место по смртни случаи од ковид-19


Во САД четврти ден по ред има повеќе од 1200 смрти случаи дневно како последица на ковид-19. На 31 јули починале 1400 луѓе. Во САД досега од ковид-19 починале 153.415 пациенти. Калифорнија и Флорида, две од најнаселените држави од САД, објавија рекордно зголемувања на смртни случаи, покажува извештајот на универзитетот Џон Хопкинс.

Бројот на потврдените смртни случаи од коронавирус во Мексико се искачи на 46.688, што е трет највисок број на починати од ковид-19 во светот. Министерството за здравство на Мексико на 31 јули регистрираше 8.458 нови случаи, што е рекорд за еден ден, како и 688 дополнителни смртни случаи.

Пред Мексико по број на починати од ковид-19 се САД и Бразил.

Во светски рамки, пандемијата однесе повеќе од 678,000 животи, а повеќе од 17,5 милиони луѓе се заразени, покажува извештајот.

XS
SM
MD
LG