Достапни линкови

Министерство за здравство со апел да се почитуваат протоколите за работата на плажите и базените


Со оглед на зголемениот број посетители во туристичките места низ државата, Министерството за здравство преку соопштение апелира да се почитуваат донесените протоколи од Комисијата за заразни болести, кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во текот на пандемијата со ковид-19, како од страна на посетителите, така и од страна на вработените.

Препораките, како што се посочува, опфаќаат правила за однесување на плажите кои се однесуваат на сите вработени лица и посетители за носење лична заштитна опрема на лицето, што го покрива делот на носот и устата, достапни и видливи места за средства за дезинфекција на рацете, физичка дистанца од еден ипол до два метра, вклучително и при престој во вода, како и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 м² нето површина. Протоколите вклучуваат и задолжително меѓу поставените чадори да се обезбеди минимално растојание од четири метри, а растојание од еден ипо до два метра меѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и по користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.

Се забрануваат групните спортови (како одбојка на плажа), и задолжително е одредувањето лица, кои ќе го контролираат бројот на посетители и спроведувањето на мерките. И за базените, покрај почитувањето на основните превентивни мерки за лична заштита, утврдено е пред билетарите задолжително да се обележи растојание (место за чекање) од еден ипол до два метра. И тука важат правила за дезинфекција, често чистење, туширање при влез во базен.

XS
SM
MD
LG