Достапни линкови

МВР регистрира 271 прекршок за неносење маска


Полицијата во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата змеја регистрира 271 прекршок по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.

Како мерка за справување со ширењето на заразата на сила е носењето заштитна опрема на лице – маска, шал, марама, во затворен простор и на јавни површини кога нема услови за одржување 2 метри растојание од друго лице.

XS
SM
MD
LG