Достапни линкови

Спасовски: Нема да има нови избори


Оливер Спасовски

Премиерот и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, очекува наскоро да биде формирана новата Влада од страна на СДСМ. Ги оценува како небулозни обвинувањата од страна на опозицијата за купување пратеници, потенцирајќи дека ќе нема нови избори.

Спасовски за „Утрински брифинг“ повтори дека за преговорите за формирање влада официјално ќе почнат после 2 Август, а во меѓувреме имаат контакти со политичките партии.

Во врска со тоа дали имаат неофицијални разговори околу новата Влада, Спасовски повтори дека СДСМ и коалицијата таквите разговори ќе ги почнат после празникот 2 Август.

XS
SM
MD
LG