Достапни линкови

Царовска - Ќе има казни за компаниите кои злоупотребиле државна помош


Мила Царовска

Ќе има санкции за компаниите, кои добија државна помош, а не им ја дадоа на работниците, изјави денеска вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска. Според Царовска, сега се испитуваат сите правни можности.

„Платите треба итно да се исплатат на работниците, треба да се покаже одговорност од страна на компаниите. Направен е голем пропуст и секако санкционирање на компаниите ќе се случи. Во моментов, Генералниот секретаријат ги испитува сите правни можности, се покренуваат сите елементи кои се можни“, истакна Царовска, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Витек“ во ТИРЗ Скопје 1.

  1. Владата ги објави фирмите што зеле државна помош, а не им дале плата на вработените

Вчера на веб страницата на Владата беше објавен и списокот со компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата поради пандемијата со ковид-19, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени. Неколку стотина фирми кои зеле државна помош за исплата на минимална плата од 14500 денари не им ги дале парите на работниците и во време на пандемија 1700 вработени останале без плата, а уште 52 илјади добиле пониска плата од минималната.

XS
SM
MD
LG