Достапни линкови

Разговори во Конгресот за помошта за коронавирусот


САД, Сиетел - илустрација

Највисоки официјални претставници од администрацијата на претседателот Доналд Трамп разговараат со републиканци и демократите во Конгресот и покрај тоашто се мали надежите за постигнување договор за продолжување на помошта за коронавирус пред истекот на денешниот краен рок.

Трамп навести можно одложување на претседателските избори

Секретарот за финансии Стивен Мнучин и началникот на канцеларијата на Белата куќа, Марк Медоус изјавија дека остануваат длабоки поделбите за тоа како најдобро да и се помогне на земјата да се опорави од пандемијата на ковид-19. Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич МекКонел, во средата изјави дека се уште смета оти може да има некаква форма на договор оваа недела. „Многу работи овде се случуваат во последната минута“, рече Меконел.

Советникот на Трамп за национална безбедност позитивен на Ковид-19

Сегашната неделна поддршка од 600 долари, спас за десетици милиони Американци, оставени без работа поради здравствената криза, истекува денеска. Конгрес веќе донесе пакет за помош во вредност од 3 трилиони долари за да ги ублажи ефектите од вирусот, во кој досега починаа 150.000 Американци.

XS
SM
MD
LG