Достапни линкови

Почина поранешниот претседател на Тајван Ли Tенг Хуи


Поранешниот претседател на Тајван Ли Тенг Хуи во Токио на 23 јули 2015

Поранешниот претседател на Тајван Ли Тенг Хуи (97), познат во улогата во политичката транзиција во земјата, почина денеска, соопшти болницата во која беше сместен, објави Франс прес.

Ли беше претседател на Тајван од 1988 до 2000 година, а стана прв директно избран претседател на земјата во 1996 година. Се смета за заслужен за унапредување на демократијата во Тајван, со тоа што поддржа воведување директни избори за претседател и за пратеници.

Тој беше во болница од февруари, а во последните години имаше хронични заболувања.

XS
SM
MD
LG