Достапни линкови

Ерупција на вулканот Телика во Никарагва


Ерупција на вукланот Телика во Никарагва

Вулканот Телика, еден од најактивните во Никарагва, денеска почна да еруптира. По низа експлозии вулканот почна да исфрла пепел до 60 метри во височина, соопштија денеска локалните власти, наведувајќи дека не е причинета материјална штета.

„Вулканот в среда имаше десет експлозии и исфрлање на пепел“, наведоа властите.

Пепелта повторно паѓа во кратерот.

Вулканот е на 1060 метри надморска височина и е еден од најактивните во Никарагва. Имаше ерупции во 1982, 1986, 1994, 1998 и 2008 година.

XS
SM
MD
LG