Достапни линкови

Албанскиот Парламент ги усвои уставните измени со кои се укинуваат предизборните коалиции


Илустрација: Албанскиот парламент

Со мнозинство гласови, албанскиот Парламентот го усвои постигнатиот договор меѓу мнозинството и парламентарната, но не и вонпарламентарната, опозиција за измена на членовите 64 и 68 од Уставот на Републиката, со што се укинуваат изборни коалиции.

Како што и се очекуваше, немаше изненадување во гласањето. За измените гласаа 106 пратеници, против беа 10 додека шест пратеници не присуствуваа на седницата.

Вонпарламентарната опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, се спротивстави на овие измени, сметајќи дека се еднострани и штети за неа.

Дебатата следуваше по серија средби на Политичкиот совет, каде имаше претставници од сите страни, но без никаква полза, бидејќи партиите одбија да се откажат од своите позиции.

Премиерот Еди Рама рече дека со измените албанските гласачи ќе можат да гласаат не само за партија, туку и за пратеникот што го сакаат. Додаде дека кој и да се спротивстави на ова, е на погрешна страна и против својот народ бидејќи нема доверба во неговиот народ.

Каква ќе биде реакцијата на меѓународната заедница, која апелираше да нема еднострано изгласување на уставните измени останува да се види.

XS
SM
MD
LG